Програмата за обука Асистент за грижа на лица со попреченост претставува посебна прогарма за преквалификација или доквалификација со стекнување посебни знаења, вештини и способности на кандидатите за давање на услуги во домашни установи на лица со попреченост кои поради својата попреченост не се во состојба на да се грижат за себе.Учесникот ке се оспособи да ја планира, подготвува,и организира работата самостојно во домашни установи и/или под надзор на стручно лице во специјализирани институции/установи.
Посебната програма опфаќа теоретски и практичен дел кој ќе се реализира во вкупно 240 единици за обука (една единица е еквивалент на еден наставен час).
Теоретскиот дел содржи општ и посебен дел со кој кандидатот се здобива со потребни знаења предвидени во содржината на предметите.
Со практичниот дел од програмата се предвидува стручно-работно оспособување на кандидатите и стекнување со сертификат за Асистент за грижа на лица со попреченост.
