Sидар

Основна цел на програмата е да се оспособат лица над 16 години да изведуваат работни задачи за занимањето Ѕидар. Програмата е предвидена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин. Истата овозможува работно оспособување за Ѕидар. Програмата е во времетраење од три месеци или 200 часа, каде се опфаќаат […]

Оџачар за објекти за домување кои користат цврсто и течно гориво

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за чистење и испитување на сите видови оџачки и вентилациони канали во објектите за индивидуално и колективно домување и надворешни делови поврзани со нив и на ложишта на цврсто и течно гориво и приклучни цевки, да применува основни техники при работа како и […]

Ракувач на вилушкар

Оваа програма за работно оспособување за занимањето ракувач на вилушкари на учесниците во програмата им овозможува да се стекнат со знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување и управување со вилушкарите на работното место. Програмата опфаќа практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат насловен како „Ракувач на вилушкар“ Програмата е во времетраење […]

Дизајнер за внатрешно уредување

Главна цел на програмата: Главната цел на програмата “Дизајнер за внатрешно уредување” е учесникот да стекне знаење, вештини и компетенции за внатрешен дизајн т.е. уредување и проектирање на внатрешен простор, а сето тоа во функција на понатамошно образование и вклучување на пазарот на труд. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност […]

Плочкар

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при  поправка на подлога за поплочување, нанесување нова подлога и поплочување на подови , ѕидови и други елементи со керамички  плочки,  правилно и безбедно користејќи ја опремата и алатот. Програмата се реализира преку теоретска и практична настава  во […]

Армирач

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции  за самостојно сечење,виткање,распоредување,кревање,поставување,врзување,наддавање и заварување на арматурни прачки,заварени мрежи и композитни материјали во армирани бетонски производи и конструкции. Програмата се реализира преку теоретска и практична настава  во два модула: Времетраење на програмата е 250 часа од кои 70 часа се предвидени за теоретска […]

Ракувач на дигалки

Оваа програма за работно оспособување за занимањето ракувач на дигалки на учесниците во програмата им овозможува да се стекнат со знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување и управување со дигалките на работното место. Програмата опфаќа практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат насловен како „Ракувач на дигалки“ Планирано е двомесечно времетраење […]