Оџачар за објекти за домување кои користат цврсто и течно гориво

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за чистење и испитување на сите видови оџачки и вентилациони канали во објектите за индивидуално и колективно домување и надворешни делови поврзани со нив и на ложишта на цврсто и течно гориво и приклучни цевки, да применува основни техники при работа како и правилно да користи опрема, алат и мерни уреди на работното место. Исто така да спроведува мерки за заштита од пожар и за заштита на животната средина.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Оџачар на објекти за домување кои користат цврсто и течно гориво “

Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 50 часа теоретска обука, 185 часа се практична обука во реални работни услови и 15 часа се наменети за оценување. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците а практичниот дел ќе се изведува од понеделник до сабота кај работодавач. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во училиштето и неа ја изведува наставник и гости-предавачи, специјалисти во област од интерес на програмата, а практичната обука се спроведува во компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршување на прогамата учесниците се стекнуваат со сертификат „ Оџачар на објекти за домување кои користат цврсто и течно гориво “.

Верификацијата истекува во ноември 9, 2024

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците во програмата не е потребно да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област и треба да имаат завршено најмалку основно образование.

Секој учесник со апликацијата треба да поседува уверение од специјалист на медицина на трудот од институција која е препорачана од организаторот на обуката со која ќе докаже дека нема здравствени контраиндикации за обавување на оваа дејност (потврда за здрав костозглобен систем, крвоток и добар респираторен систем, добра кондиција и општа спретност на телото и рацете, добри моторички вештини и уреден центар за рамнотежа. Видот треба да биде добар со јасно видно поле. Да се спроведат психолошки тестови поврзани со височина и сл.)

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

50

Пракса

185

Оценување

15

Вкупен број на часови

250

Датум на верификација

09/11/2021

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content