Главна цел на програмата „ОРГАНИЗАТОР НА НАСТАНИ“ е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за планирање, организација и реализација на свечени, обредно-ритуални, културно-забавни, корпоративни и останати настанати, координација на тимот, примена на мерки за заштита при работа и заштита на животната средина, почитување и примена на законски прописи, кодекс на однесување, работна етика, различни култури и обичаи, воспоставување на контакти со клиенти, соработници, добавувачи и даватели на услуги и др.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат „ОРГАНИЗАТОР НА НАСТАНИ“.
Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 60 часа теоретска обука, 140 часа се практична обука во реални работни услови.
Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализирани простории на Приватна образовна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прќе“ Штип под менторство на обучувач – лице со завршени студии по менаџмент, а практичната обука ќе се реализира на терен во компании кои работат во областа на организирање и реализација на настани. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите модули преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето, пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.
По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „ОРГАНИЗАТОР НА НАСТАНИ“.
Верификацијата истекува во март 14, 2025