Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења и вештини, компетенции за примена на основните техники во декоративниот маникир и педикир, како и правилно користење на средства за работа, опремата, препарати и инвентар. Учесникот ќе се стекне со компетенции за правилно примена на правилата и прописите за заштита и безбедност при работа како и деловно комуницирање со клиентите и соработниците
Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука и води до стекнување на сертификат за декоративен маникир и педикир.
Времетраењето на програмата е 130 часа од кои 40 часа се стручна теорија, 80 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценување.
Проверка на знаењето и оценувањето ќе се изведува во тек на обуката и на крај од обуката како завршен испит. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата во училница/просторија опремена согласно норматив за опрема и наставни средства и помагала и во козметички салон соодветно опремен. За реализација на програмата ќе бидат вклучени двајца предавачи: наставник со завршени студии по медицина и професионален маникир педикир/естетичар за нега на раце и нозе. По успешно завршување на обуката учесникот се стекнува со сертификат за Декоративен маникир и педикир. Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви (Напреден курс и Специјализиран курс).
Верификацијата истекува во јануари 18, 2025