Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини од областа на книговодството и да бидат работно подготвени за занимањето Службеник во книговодство.
Програмата се реализира преку теоретска и практична настава при што акцентот е ставен на практичната обука.
Целата обука е конципирана како една сеопфатна сметководствена пракса во која учесниците освен што ќе се здобијат со теоретски знаења од областа на сметководстсвото, практично книжат реални документи од областа за која што учат и се среќаваат речиси со сите ситуации што би можеле да ги сретнат на идното работно место како службеник во книговодство.
Времетраење на програмата е 108 часа: 48 часа се посветени на теоретска настава, a 60 часа се практична обука.
Теоретската обука ќе се одвива во училница, а практичната обука ќе се одвива во простории опремени со компјутери и софтвер за книговодство. Ќе се работат практични вежби смислени за потребите на програмата, но и ќе се врши книжење на реални документи од документацијата на трговски друштва што се занимаваат со производство, трговија или услуги. Учесниците, освен што ќе вршат книжења на документи, паралелно ќе ги пратат и сите сметководствени извештаи што се содржат во софтверот за сметководсво: сметководствени картици (синтетички и аналитички), бруто биланси и заклучни листови како и разни други прегледи преку кои можат да ги анализираат прокнижените документи. Исто така, учесниците ќе бидат комплетно запознаени со законската регулатива и стандарди од областа на книговодството, ќе научат да ја следат и спроведуваат, квалитетно и професионално да комуницираат со колегите и работодавците со кои ќе се среќаваат на идното работно место, како и со клентите, што е од голема важност. Ќе бидат запознаени со своите права и обврски на работното место и за мерките што треба да се превземат за заштита на работната околина.