НЕГУВАТЕЛ/КА НА СТАРИ И НЕМОЌНИ ЛИЦА

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Современиот начин на живот и работа доведе до тоа да поголем број на стари и немоќни лица останат во оваа доба од нивниот живот без соодветна грижа, па се одлучуваат грижата за нив да им ја доверат на стручно оспосебено лица во домашни услови или пак тоа да им го довераат на институциите кои ќе се грижат за нив (домови за стари и немоќни лица), центри за дневен престој и сл. Потреба за ваква грижа е се поголема, а пазарот се соочува со недостаток од стручен кадар кој ќе може стручно и одговорно да ги задоволи овие барања.
Програмата за обука за оваа одговорна и многу хумана работа е со тримесечно времетраење, 250 часа или 10 кредити, и опфаќа стручно теоретски содржини во времетраење од 55 часа кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак е со времетраење од 195 часа и се изведува во институции за сместување на стари и немоќни лица, геријатриски одделенија и/или организиран дневен престој на стари и немоќни лица.
Учесникот во програмата ќе се оспособи да ја планира, подготвува и организира сопствената работа самостојно во домот на корисникот и/или под надзор на стручно лице во институции/установи за стари и немоќни лица. Задачите ќе ги изведува во согласност со етичките норми и методи за комуникација со стари и немоќни лица, и вештини за базична нега, преку воочување и следење на елементарни здравствени промени. Учесникот ќе овозможува социјална поддршка, да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постелина и облека, како да манипулира при физиолошка потреба, да е проактивен во обезбедувањето на услугата, како да одржува хигиена и уредност на околината, и спречува инфекции, да се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето на работната и животната околина..

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

● të përfunduar arsimin fillor
● të paktën 18 vjeç

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

55

Пракса

195

Оценување

Вкупен број на часови

250

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content