Дигитален маркетер

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини од областа на дигитален маркетинг.

 

Програмата започнува со изучување на основи на дигитален маркетинг, негова разлика со традиционалниот маркетинг, контент маркетинг и CopyWriting.

 

Потоа продолжуваме со користење на  социјални мрежи (Facebook, Instagram, Twitter), преку стратегија за видео маркетинг на YouTube и спроведување на комплетна емаил маркетинг кампања со MailChamp.

 

Следна работа е користење на WordPress.

 

На крајот е Google Analytics, користење на платформата за рекламирање Google AdWords и се завршува со Search Engine Optimization.

 

Целокупната обука ќе се одвива во компјутерски училници опремени со потребната компјутерска опрема.

 

Програмата се реализира преку теоретска и практична настава при што акцентот е ставен на практичната обука.

 

Времетраење на програмата е 104 часа: 48 часа се посветени на теоретска настава, 56 часа се практична обука.

 

Оценувањето и вреднувањето на постигнатиот успех на учесникот при неговото следење на програмата се спроведува преку проверка на знаење (писмено и практично).

 

На крајот од обуката се спроведува завршен испит – кој исто така има писмен и практичен дел и преку него се проверува комплетно стекнатото знаење и вештина на кандидатот.

 

По завршувања на програмата и положениот завршен испит, учесниците се стекнуваат со сертификат „ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР“.

Верификацијата истекува во ноември 16, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено средно четиригодишно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

48

Пракса

64

Оценување

Вкупен број на часови

112

Датум на верификација

16/11/2023

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content