Главна цел на програмата е учесникот да се оспособат самостојно да изведува услуги на клиентите за педикир и маникир како правилно да ги користи средствата за работа во козметичките салони. Учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за занимањето козметичар за педикир и маникир, со кои ќе може самостојно да ја планира и организира работата и работните задачи, да комуницира со клиенти. Правилно да користи козметички средства за работа, опремата и инвентарот. Правилно да спроведува мерки за заштита на животната средина. Правилно да применува хигиено-технички мерки за лична заштита, заштита на клиентите и околината, води контрола на извршените услуги, познава права и обврски од работен однос, води евиденција и изготвува пресметка за извршената работата. Времетраењето на програмата е 150 часа од кои 35 часа теоретска обука, 115 часа се практична обука во реални работни услови. Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесникот во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализирана опремена просторија во козметичкиот салон Бјути салон-С 2016-Скопје, а практичната обука ќе се реализира во козметички салон во простор кој е опремен со потребниот алат и прибор за козметика. Оценувањето на постигнувањата на учесникот ќе се врши преку следење и вреднување на стекнатите знаења и вештини. Вреднувањето на постигнувањата на учесникот се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и практична проверка со интерактивен пристап во текот на работата. После целосна реализација на сите модули се врши проверка на знаење со цел да се спореди знаењето пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. |
Верификацијата истекува во јануари 10, 2027