Службеник во сметководство

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетемции кои ќе му овозможат работно оспособување за занимањето Службеник во сметководство

Времетраењето на програматае 200 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби. По завршување на секоја тематска единица учесниците ќе имаат дел и за оценување на нивното стекнато знаење. Материјата ќе се соовлада преку шест (6) тематски единици.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат ” Службеник во сметководство”.

Теоретската обука ќе се реализира во училница/кабинет.

Практичната обукаќе се одвива во простории опремени со информатичка технологија и соовдветен софтвер за сметковотство, за реализација на обукатапреку практични вежби од сметковотствени работи и истата ќе се реализира преку реални вежби, обработкана документација од трговски друштва кои се занимаваат со производство и трговија, набавка и продажба на стока и услуги и сите промени што овозможува учесникот административно за време на обуката да прати и операционализира промени во потребни сметковотствени процеси почитувајќи ја законската регулатива, да соработува со останатите вработени и тимот, деловните партнери, институции и/или клиенти со кои ќе разменува информации важни за ефикасно извршување на работата и ќе овозможи квалитетна комуникација со клиентите и деловните партнери, заштита наработната и животната околина.

Вреднувањето на постигнувањата на учесникот се спроведува по завршувањето на реализацијата на теоретскиот дел преку проверка на знаење, а по завршување на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат и стекнат вештини и компетенции.

По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се стекнува со сертификат “Службеник во сметководство”.

Верификацијата истекува во август 19, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Минимум завршено средно четригодишно образование.  Кандидатите треба да бидат постари од 17 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

87

Пракса

113

Оценување

Вкупен број на часови

200

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content