Програмата има за цел да ги развие способностите на учесниците за вон институционална грижа за лица со попреченост во домот. Со процесот на деинституционализација во Р.С. Македонија, институциите каде живееа корисниците, се трансформираат во мали групни домови и живеење во заедница на лицата со попреченост. Со овој хуман начин на живот за корисниците, се јавува и потребата од обука за нетувател/каите кои ќе работат при давање на услуга во период од 24 часа во станбените единици каде лицата со попреченост живеат. Живеењето со поддршка е социјална услуга која ја добиваат голем дел од лицата со попреченост кои немаат семејна грижа.
Програмата трае 4 месеци и е наменета за лица кои завршиле најмалку средно образование и сакаат да работат како негувател/ка за поддршка на самостојно живеење на лица со попреченост. Истата се состои од 120 часови распоредени како
- теоретски дел: 80 интерактивни програмски часови со траење од по 90 минути,
- практичен дел: 40 програмски часови со траење од по 90 минути
посветени на:
- Основи на палијативна нега
- Помош и поддршка во самостојно живеење на клиент со активна, прогресивна и напредната состојба
- Oснови на различни видови на попречености
- Вовед во процесот на деинституционализација и потребата од истата
- Подготовка на личен план за социјален развој на клиентот-лице со попреченост
- Помош и поддршка во самостојно живеење на лица со телесна, аудио-визуелна и интелектуална попреченост
Теоретскиот дел од програмата и писмените проверки ќе се спроведува во просторија опремена за одржување на настава за возрасни, додека практичниот дел од програмата ќе се спроведува во станбени единици за живеење со 24 часовна поддршка на лица со попреченост, лиценцирани од Министерство за труд и социјална политика.
Верификацијата истекува во септември 11, 2026