Програмата Шминкер е насочена кон стручно оспособување на учесниците од областа на козметиката.
Програмата им овозможува на учесниците преку теоретска и практична настава да се оспособат самостојно да ги изработуваат основните техники на шминкање, да објаснуваат техники според ликот и типот на лицето, како и стилот на клиентот; да идентификуваат прибор и производи за шминкање и правилно да ги применуваат; да се оспособат да го организираат просторот и работата во салонот и да воспоставуваат добра комуникација со своите клиенти и соработници.
Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Програмата за “Шминкер”е составена од 250 часа од кои 55 часови таоретска настава и 195 практична настава. Програмата е организирана во 4 модули. Модул 1. Основни познавања за занимањето шминкер. Модул 2. Анатомија и физиологија на кожа. Модул 3. Техники на шминкање. Модул 4. Целна и специјална шминка.
Програмата се реализира во простор опремен со нагледни средства за теоретскиот дел и козметички салон за практичниот дел. Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни форми и методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно и писмено, преку практична работа и завршен испит. Услов за полагање на завршен испит е учесниците да ги поминат сите модули. За секој кандидат се води портфолио.
Стручно-теоретскиот дел од посебната програма ќе го реализира наставен кадар,лице со завршени студии по медицина, практичниот дел од обуката: ќе го реализира козметичар шминкер со минимум 5 години работно искуство, со мајсторски испит. По успешно завршување на програмата се полага завршен испит со што учесникот се стекнува со сертификат за работна оспособеност за Шминкер.
