Фризер

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата „Фризер” е насочена кон стручно оспособување на учесникот од областа на фризерството. Стекнатите вештини ќе му помогнат на учесникот полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Главна цел на програмата е учесникот по завршување на програмата да биде способен да организира простор и работа во салон, подготвува клиент за третман, мие и негува коса и скалп, потстрижува коса, обликува, фенира и ондулира, подготвува коса за боење и белење, бои, бели и шатира и дава совети.
Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални, демонстрирање, практична работа – вежби кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во точка 7 (Ресурси / опрема за настава и учење).
Оценувањето на постигањата на учесникот ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно–излагање, писмено–тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти и практична работа – вежби.
Структурата на програмата за „Фризер” е следна:
• стручно–теоретски дел
• практична работа
• проверка на постигањата на учесникот (завршен испит)
Стручно–теретскиот дел од обуката ќе се реализира во училница или кабинет. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализира лице со завршен технолошки или медицински факултет.
Практичниот дел од обуката ќе се реализира во опремена училница или опремен кабинет или во опремена фризерска работилница Практичниот дел од обуката ке се реализира од страна на наставен кадар со средно образование или стекнат сертификат.
Третиот дел од програмата за фризер е проверка на постигањата на учесникот или завршниот испит. Учесникот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за стручна оспособеност за Фризер. Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа – курсеви за фризерство

Верификацијата истекува во декември 1, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Niveli i arsimit fillor: arsimi fillor dhe mosha të paktën 15 vjeç. Niveli i dëshiruar i arsimimit: arsimi tre ose katërvjeçar (në çdo profesion).
Kërkesa shtesë për aplikantët: nuk kërkohen kërkesa shtesë

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

36

Пракса

126

Оценување

Вкупен број на часови

162

Датум на верификација

01/12/2022

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content