Врз основа на член 44 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр.3/25) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на установа која ќе реализира програми

за образование на возрасни

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на установи кои ќе реализраат програми за средно образование на возрасните кои имаат завршено само основно образование за следните Општини, сектори и профили:

  1. Во Општина Прилеп за спроведување на програма за оформување на средно образование на возрасни лица и тоа:

– сектор земјоделство, рибарство и ветеринарство  – профил: агротехничар (60 учесници);

– сектор хемија и технологија – профил: прехранбен техничар (60 учесници).

  1. Во Општина Куманово за спроведување на програма за оформување на средно образование на возрасни лица на албански наставен јазик и тоа:

– сектор економија, право и трговија – профили: економски техничар  (34 учесници);

– сектор економија, право и трговија – профили:  правен техничар  (34 учесници);

– сектор текстил, кожа и слични производи – профил: текстил за дизајн на облека (32 учесници).

  1. Во Општина Куманово за спроведување на програма за оформување на средно образование на возрасни лица на македонски наставен јазил и тоа:

– сектор електротехника– профил: електротехничар за компјутерска техника и автоматика

(60 учесници);

и на албански наставен јазик и тоа:

– сектор машинство – профил: машински енергетски техничар (40 учесници);

– сектор електротехника – профил: електротехничар за компјутерска техника и автоматика

(40 учесници);

– сектор електротехника – профил: електротехничар енергетичар (40 учесници).

Заинтересираните установи, освен општите услови предвидени со Законот за средно образование и Законот за стручно образование и обука, треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

-да имаат реализирано настава за горенаведените профили најмалку (5) пет години;

-да располагаат со наставен кадар  на кој ќе ја реализира наставната програма;

-да достават распоред за реализација на наставата со динамика за вкупниот број на учесници поделени во класови опфатени за 4 години од наставниот план;

-да достават понуда за потребните средства за реализирање на програмата за образование на возрасни.

Врз основа на член 44 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република С. Македонија“ бр.3/25), трошоците за изведување на програмите за средно образование ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

За меѓусебните права и обврски ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје и избраната установа ќе склучат договор.

Установата која ќе реализира програми за средно образование и учесниците во овие програми ќе склучат договор за правата и обврските.

Конкурсот трае десет (10) дена од денот на објавување на интернет страната на Центар за образование на возрасните.

Во прилог на Барањето, треба да се достави и следната документација:

Сите документи да бидат заверени од установата со потпис и печат.

Потребната документација се доставува до архивата на: ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје, ул. Димитрије Чуповски бр. 13, 1000 Скопје.

Некомплетните и ненавремено доставени докумети нема да бидат земени во постапка за одлучување.