Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники на масажи од класична масажа, дип тишу,антицелулитна пневмомасажа, спортска и козметичка на лице,како и правилно користење на средства за работа, уреди, опремата, производи и инвентар.
Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука и води до стекнување на сертификат Масер за лице и тело Времетраењето на програмата 334 часа од кои 134 часа се стручна теорија, 200 часа се практична обука во реални работни услови и 15 часа се наменети за оценувањето. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.Програмата нуди и он-лине следење на наставата на посебна платформа. Проверката на знаењето се изведува континуирано во усна, писмена форма и практична работа. По завршувањето на обуката учесникот ќе полага (теоретски и практичен) завршен испит, а по успешно положениот завршен испит учесникот се здобива со Серификат Масер за лице и тело |
Верификацијата истекува во февруари 9, 2026