Програмата „Шминкер”е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на декоративната козметиката. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да организира сопствената работа, да го подготвува салонот и клиентот за шминкање, да советува клиенти, подготвува и изведува целна и специјална шминка, комуницира со клиенти и деловни партнери, води грижа за сопствената безбедност и безбедноста на клиентот, како и за здравјето и околината, води евиденција и подготвува пресметки за работата, познава права од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис и почитува работна етика и морал. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот. Времетраењето на програмата е 220 часа. Структурата на програмата „Шминкер” е модуларна. Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текотна целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит. Наставата ќе се одвива во предавална со потребна опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства и салон за козметика. Стручно-теоретскиот дел од обуката ќе го реализира наставен кадар со завршено високо образование, VII/1 степен студии по медицина, технологија, односно студии по економија. Практичниот дел од обуката ќе го реализира шминкер со повеќегодишно работно искуство. По успешно завршување на програмата се полага завршен испит со што учесникот се здобива со сертификат за стручна оспособеност за Шминкер. Програмата дава можност за напредување.
Верификацијата истекува во март 15, 2027