Програмата за работа Фризер им овозможува на учесниците преку теоретска и практична настава да се оспособат да го организираат просторот и работата во фризерскиот салон, да разликуваат типови коса, да спроведуваат фризерски постапки во нега на косата,хигиена на коса и скалп, потстрижување, обликување, ондулација и боење,администрира и наплатува услуги, закажува термин, да комуницираат со клиенти и соработници. Времетраењето на програмата е 3,5 месеци, односно 210 часа, од кои теорија 50 часа и пракса 160 часа. Теоретскиот дел на наставата ќе се реализира во училница, кабинет опремен според соодветни технички услови, а практичниот дел во фризерски салон. Оценувањето ќе се спроведува континуирано по секоја тема во тек на обуката и на крај како завршен испит. Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат за Фризер по верифицирана програма.
Верификацијата истекува во април 19, 2025