Службеник на паркинг

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Посебната програма за образование на возрасните е наменета за лица постари од 18 години со завршено средно образование. Преку програмата учесниците ќе стекнат знаења, вештини и компетенции неопходни за извршување на занимањето „ Службеник на паркинг“ од секторот сообраќај, трнспорт и складирање. Службеникот на паркинг своите активности и работни задачи ги извршува на отворени паркиралишта, паркинг гаражи или на паркинзи во хотели и ресторани.

Посебната програма за образование на возрасните – службеник на паркинг, нуди можност за стекнување на компетенции за самостојно или тимско одговорно извршување на работните задачи поврзани со: контрола на движењето на возилата на паркиралишта, насочување на возилата на соодветни паркинг места, наплата на надоместок за паркирање и оставање и земање на возилата на и од паркинг места со цел рационално искористување на паркинг просторот како и грижа за возилата во текот на паркирањето.

Програмата се состои од 100 часови од кои 20 за стекнување на теоретски знаења и 80 за стекнување на практични вештини. Од вкупниот број часови 5 ќе бидат наменети за оценување на учесниците кои ќе се реализираат во текот на програмата.

Теоретската настава ќе се реализира во училница соодветно опремена со наставни средства и помагала.
Практичната настава ќе се реализира во кабинети или во реални работни услови.

Оценувањето на добиените знаења и вештини ќе се врши преку испит, кој ќе се спроведе по завршување на програмата а ќе се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел од испитот се состои од тест. Практичниот дел подразбира практична проверка на стекнатите знаења.

Програмата ја реализира тим од искусни предавачи од областа на сообраќајот или економијата и квалификувани работници на паркинг со најмалку 5 годишно работно искуство.

По успешно завршување на програмата, на учесниците ќе им се додели сертификат за Службеник на паркинг.

Верификацијата истекува во мај 22, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците во програмата треба да:

  • Имаат завршено средно образование.

Поседуваат возачка довола од „Б“ категорија.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

20

Пракса

80

Оценување

Вкупен број на часови

100

Датум на верификација

22/05/2024

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content