Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетемции кои ќе му овозможат работно оспособување за занимањето Службеник во сметководство
Времетраењето на програматае 200 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби. По завршување на секоја тематска единица учесниците ќе имаат дел и за оценување на нивното стекнато знаење. Материјата ќе се соовлада преку шест (6) тематски единици. Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат ” Службеник во сметководство”. Теоретската обука ќе се реализира во училница/кабинет. Практичната обукаќе се одвива во простории опремени со информатичка технологија и соовдветен софтвер за сметковотство, за реализација на обукатапреку практични вежби од сметковотствени работи и истата ќе се реализира преку реални вежби, обработкана документација од трговски друштва кои се занимаваат со производство и трговија, набавка и продажба на стока и услуги и сите промени што овозможува учесникот административно за време на обуката да прати и операционализира промени во потребни сметковотствени процеси почитувајќи ја законската регулатива, да соработува со останатите вработени и тимот, деловните партнери, институции и/или клиенти со кои ќе разменува информации важни за ефикасно извршување на работата и ќе овозможи квалитетна комуникација со клиентите и деловните партнери, заштита наработната и животната околина. Вреднувањето на постигнувањата на учесникот се спроведува по завршувањето на реализацијата на теоретскиот дел преку проверка на знаење, а по завршување на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат и стекнат вештини и компетенции. По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се стекнува со сертификат “Службеник во сметководство”. |
Верификацијата истекува во август 19, 2027