Реедукатор на психомоторика

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на Програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини за реедукација на психомоторика која е основа и услов за други специфични методи во работа со децата со дисхармоничен развој и развојни потешкотии. Со реедукацијата на психомоторика учесниците ќе можат да се служат со постојните усвоени и зачувани движења кај детето и би го обновиле сензомоторното и психомоторно искуство, кое во основа се поими кои детето не ги разбира и емоционални ставови кои недоволно се дефинирани. Реедукаторот го потикнува емоционалниот развој и сознавањето кај децата кои немаат соодветен говор, односно имаат отежната говорна комуникација, или останати проблеми во развојот. Преку вежби, согласно направената проценка на детските способности согласно календарската возраст, реедукаторот ќе допринесе да се обноват или променат детските искуства за себе. Детето, преку комуникација со реедукаторот, се поттикнува да открива простор, време, ритам, себеси во просторот и себеси  во однос на другите и  ќе има влијание и врз говорот, љубовта, емоциите, доживувањето на себе итн. Реедукаторот на психомоторика ќе влијае на подобрување на животните вештини на детето и на семејството, ќе им пружа помош и поддршка со цел постигнување на подобри резултати и да се развива колку е можно повеќе во здрава личност. Работата на реедукаторот е насочена кон рана интервенција и третман кај детето со широк спектар на потреби.

Лицата кои успешно ја завршиле Програма ќе можат да работат во младински центри, центри за деца на рана возраст и центри за правна заштита за малолетни лица, детски центри, центри за стимулација и ран детски развој, образовни средини и во заедницата. Тие ќе можат да работат и со членовите од семејствата на деца со несоодветен говор или имаат дисхармоничен развој.

Времетраење на програмата е 100 часа, од кои 30 часа се предвидени за теоретска настава, а 70 часа за практична обука. Предвидените часови се наменети за реализација и вреднување на постигнувањата од модулите:

1.      Сензомоторен и психомоторен развој и инструменти за процена на моторните способности

2.      Пореметувања на психомоторен развој и вежби за психомоторна реедукација

3.      Вежби за општа и специфична реедукација на психомоторика со релаксација

Оценувањето и вреднувањето на постигнатоста на резултатите од учењето на учесниците ќе се врши врз основа на критериумите за оценување, и тоа, формативно во текот на реализацијата и сумативно на крајот од секој модул. На крајот од обуката учесниците во Програмата ќе полагаат завршен испит.

По реализација на програмата учесниците се стекнуваат со сертификат „Реедукатор на психомоторика“.

Верификацијата истекува во мај 14, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците да имаат завршено минимум средно образование од квалификациите медицинска сестра или физиотерапевтски техничар од секторот Здравство и социјална заштита или спортска гимназија и да се постари од 18 години.

Во програмата можат да се вклучат и лица со друг вид и ниво на образование (минимум четиригодишно средно образование) доколку имаат искуство од најмалку една година работа со деца со развојни потешкотии.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

30

Пракса

70

Оценување

Вкупен број на часови

100

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content