Основна цел на програмата е да се оспособат лица над 16 години да подготвуваат слаткарски производи. Програмата е предвидена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин. Истата овозможува работно оспособување за подготвување на слаткарски производи. Програмата е во времетраење од три месеци или 180 часа, каде се опфаќаат стручни и теоретски содржини кои ќе се реализираат во училниците на универзитетот и во слаткарски работилници.
Во однос на структурата на реализација на програмата истата ќе биде организирана со изведување на теоретскиот дел по што ќе следува тест за проверка на стекнатите знаења. Исто така преку примена на формативно оценување во текот на реализација на секоја тема ќе следи усмено проверување на знаењата на кандидатите. Во текот на реализација на програмата ќе се води портфолио за секој кандидат и исто така ќе се вреднуваат изработките кои ќе ги содржи портфолиото.
Практичната обука ќе се реализира во ресторани, слаткари или слаткарски работилици. Притоа активностите ќе бидат следени од искусен слаткар кој редоследно во зависност од сложеноста на задачите ќе ги вклучува кандидатите во практични активности.
Програмата ќе биде реализирана од страна на наставници согласно нормативот за наставен кадар и слаткар со работно искуство.
Со оваа програма учесниците ќе се оспособат да работат како Слаткари и со тоа ќе се оспособат да ја подготвуваат и организираат својата работа, да приготвуваат различни видови теста, да печат печива и слатки од различни видови теста, да приготвуваат преливи, сладолед, различни видови на кремови, глазури, да изработуваат и моделираат производи од шеќер, да произведуваат чоколадни производи, да работат во согласност со прописите и нормативите за заштита на работната средина и околина, да комуницираат со клиенти и со работници.
Верификацијата истекува во ноември 24, 2026