Програмата Педагошки помошник за ученици во основно образование, има за цел оспособување на кандидати за успешна работа со ученици кои следат настава во основното образование и покажуваат понизок успех во учењето во насока на пружање помош и поучување на ученици во совладување на училишното градиво за основно образование. Преку темите предвидени за оваа програма, кандидатот се оспособува за организирање на сопствената работа, за пружање на помош и поддршка на учениците за совладување на училишното градиво преку правилен и целисходно избрана стратегија на поучување и стилови на учење, во зависност од можностите на ученикот. Кандидатот се стекнува со способности за јакнење на самодовербата на учениците и мотивирање на ученикот и родител/старател за напредување во образованието. Воедно, кандидатот ќе биде обучен да остварува позитивна комуникација со родителите/старателите со што ќе допринесе за подобра соработка на релацијата училиште – родител/старател. Кандидатот ќе биде оспособен за евидентирање и документирање на напредокот на ученикот.
Цели на програмата:
- Помош и поддршка на учениците запишани во основното образование
- Мотивирање на учениците за успешно продолжување на образованието
- Запознавање на родителите/старателите со можностите за продолжување на образованието и поддршка на своите деца
- Воспоставување и развивање на соработката помеѓу заинтерсираните страни: учениците, родителите и локалната заедница
- Развивање на вештини кај учениците за самоевалуација на сопствениот напредок
- Развивање на вештините за дизајнирање на индивидуален план за напредок во образованието
Програмата содржи вкупно 190 часови теорија 110 часа, пракса 60 часа и оценување 20 часа предвидено е да се реализира за време од 3 месеци.
Програмата вклучува часови за теорија и за практична обука на кандидатите. За секој кандидат се води портфолио за личен напредок во обуката. Оценувањето на стекнатите знаења и вештини на кандидатите ќе се изведува за време на обуката, после секоја тема и на крај од програмата како завршен испит. Кандидатите кои успешно ќе го положат завршниот испит ќе се стекнат со сертификат за Педагошки помошник за ученици во основното образование