Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за чистење и испитување на сите видови оџачки и вентилациони канали во објектите за индивидуално и колективно домување и надворешни делови поврзани со нив и на ложишта на цврсто и течно гориво и приклучни цевки, да применува основни техники при работа како и правилно да користи опрема, алат и мерни уреди на работното место. Исто така да спроведува мерки за заштита од пожар и за заштита на животната средина.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Оџачар на објекти за домување кои користат цврсто и течно гориво “
Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 50 часа теоретска обука, 185 часа се практична обука во реални работни услови и 15 часа се наменети за оценување. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците а практичниот дел ќе се изведува од понеделник до сабота кај работодавач. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во училиштето и неа ја изведува наставник и гости-предавачи, специјалисти во област од интерес на програмата, а практичната обука се спроведува во компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршување на прогамата учесниците се стекнуваат со сертификат „ Оџачар на објекти за домување кои користат цврсто и течно гориво “.