Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења ,вештини и компентенции за ракување со ЦНЦ машина
Програмата се реализира преку теоретска и практична настава Наставната програма е составена од следниве модули:
Модул 1. Подготвителни работи
Модул 2. Ракување со ЦНЦ струг
Модул 3. Ракување со ЦНЦ глодалка
Времетраење на програмата е 500 часа од кои 100 часа теоретска настава за модул 1 , 200 часа практична настава за модул 2 и 200 часа практична настава за модул 3. Наставата се реализира од понеделник до петок .Теоретската настава се изведува во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по машинство, а практичниот дел со дип. инж. по машинство или опператор на ЦНЦ машина со 3 год. работно искуство
Вреднувањето на постигањата на учесниците се спроведува со тест по завршување на теорискиот дел од обуката ,а со завршен испит по завршувањето на практичниот дел.По завршен модул 1 и модул 2 и успешно положен завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнуваат со сертификат Оператор на ЦНЦ струг . По завршен модул 1 и модул 3 и успешно положен завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнуваат со сертификат Оператор на ЦНЦ глодалка. По завршени модул 1, модул 2 и модул 3 учесниците се стекнуваат со сертификат Оператор на ЦНЦ машина.
Верификацијата истекува во ноември 6, 2027