Оператор за UI/UX дизајн

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Учесникот со изучување на програмата ќе ги реализира следниве цели:

·         Да користи основни алатки за дизајн: Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe XD и Фигма.

·         Да креира стратегија врз база на корисничко искуство.

·         Да креира сценарија, профили и кориснички приказни.

·         Да изработува мапи за корисници и емпатија.

·         Да креира кориснички интерфејс со функционалност и интеракција.

·         Да креира визуелен приказ (mockup).

·         Да изработува прототип на проект и тестирање на идеи.

·         Да дефинира кориснички профили.

·         Да подготви сопствено портфолио.

Програмата се реализира преку практична и теоретска настава.

Начин на оценување:

·         Се оценува редовноста на учесникот.

·         Се оценува активноста на учесникот.

·         Се оценува изработката на домашни задачи.

·         Се оценуваат завршните проекти.

Модули на програмата:

·         Модул 1: Организациско однесување.

·         Модул 2: Подготовка за работа.

·         Модул 3: Оперативни работи.

·         Модул 4: Одржување на опрема.

 

Времетраење:

Времетраењето на програмата е 200 наставни часа, од кои 68 теоретска настава и 132 практична настава.

Теоретската и практичната настава ќе се изведуваат понеделник, среда и четврток по утврден распоред.

Број на кредити:

По завршување на програмата учесникот ќе се стекне со 8 кредити.

Вреднување на постигнувањата:

Оценувањето на учесниците ќе се врши врз основа на постигнатите резултати.

Се изработуваат завршни проекти како и портфолио каде учесниците ги применуваат стекнатите знаења.

По завршување на програмата учесниците ќе бидат способни да:

·         користат софтвер за векторска графика;

·         користат софтвер за растерска графика;

·         користат софтвер за креирање на прототипи за веб и мобилни апликации;

·         користат UI/UX дизајн;

·         користат алатки за анализирање;

·         користат резултати од анализирање за креирање на проект.

Просторни услови:

Наставата ќе се реализира комбинирано, во училница каде секој учесник работи на компјутер, се користи опрема за презентација како проектор, платно, компјутер, звучници, микрофон и на далечина преку платформата Teams.

Сертификат:

По завршување на програмата учесникот ќе се стекне со сертификат за стручна квалификација “Специјалист за UI/UX дизајн”.

Верификацијата истекува во септември 16, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено средно образование.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

68

Пракса

132

Оценување

Вкупен број на часови

200

Датум на верификација

16/09/2024

-

Оператор за графички дизајн

Front-end оператор

Оператор за веб дизајн

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content