Оператор за графички дизајн

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Учесникот со изучување на програмата ќе ги реализира следниве цели:

·         Да користи основни алатки за графички дизајн: Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, Adobe After Effects и Figma.

·         Да толкува дизајн и теорија на уметност, теорија на бои и типографија.

·         Да креира илустрации и векторска графика.

·         Да уредува и манипулира фотографии.

·         Да обработува десктоп материјали: флаер, брошура, каталог и книга.

·         Да дизајнира различни типови на логоа.

·         Да изработува бренд идентитет.

·         Да применува фотографии.

·         Да изработува и дизајнира веб страни.

·         Да изработува и адаптира видео.

·         Дизајнира амбалажа.

·         Да подготви сопствено портфолио.

Програмата се реализира преку практична и теоретска настава.

Начин на оценување:

·         Се оценува редовноста на учесникот.

·         Се оценува активноста на учесникот.

·         Се оценува изработката на домашни задачи.

·         Се оценуваат завршните проекти.

Модули на програмата:

·         Модул 1: Организациско однесување.

·         Модул 2: Подготовка за работа.

·         Модул 3: Оперативни работи.

·         Модул 4: Одржување на опрема.

Времетраење:

Времетраењето на програмата е 550 наставни часа, од кои 152 теоретска настава и 398 практична настава.

Теоретската и практичната настава ќе се изведуваат секој работен ден (понеделник до петок) по утврден распоред.

Број на кредити:

По завршување на програмата учесникот ќе се стекне со 22 кредити.

Вреднување на постигнувањата:

Оценувањето на учесниците ќе се врши врз основа на постигнатите резултати.

Се изработуваат завршни проекти како и портфолио каде учесниците ги применуваат стекнатите знаења.

По завршување на програмата учесниците ќе бидат способни да:

·         користат ликовни елементи и принципи;

·         корисат софтвер за векторска графика;

·         користат софтвер за растерска графика;

·         користат софтвер за десктоп издаваштво;

·         користат софтвер за движечка графика;

·         дизајнираат лого;

·         креираат бренд идентитет;

·         дизајнираат постер;

·         дизајнираат флаери, брошури и каталози;

·         дизајнираат амбалажа;

·         користат основи на UI/UX дизајн.

 

 

Просторни услови:

Наставата ќе се реализира комбинирано, во училница каде секој учесник работи на компјутер, се користи опрема за презентација како проектор, платно, компјутер, звучници, микрофон и на далечина преку платформата Teams.

Сертификат:

По завршување на програмата учесникот ќе се стекне со сертификат за стручна квалификација “Оператор за графички дизајн”.

Верификацијата истекува во јули 30, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено средно образование.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

152

Пракса

398

Оценување

Вкупен број на часови

550

ПОВРЗАНИ ПРОГРАМИ

Датум на верификација

30/07/2024

-

Front-end оператор

Оператор за UI/UX дизајн

Оператор за веб дизајн

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content