Учесникот со изучување на програмата ќе ги реализира следниве цели:
· Да користи основни алатки за дизајн: Adobe Photoshop, Adobe Illustrator и Фигма. · Да користи HTML & CSS јазици за кодирање. · Да практикува UI/UX дизајн. · Да креира дизајн системи. · Да изведува веб оптимизација. · Да подготви сопствено портфолио. Програмата се реализира преку практична и теоретска настава. Начин на оценување: · Се оценува редовноста на учесникот. · Се оценува активноста на учесникот. · Се оценува изработката на домашни задачи. · Се оценуваат завршните проекти. Модули на програмата: · Модул 1: Организациско однесување. · Модул 2: Подготовка за работа. · Модул 3: Оперативни работи. · Модул 4: Одржување на опрема. Времетраење: Времетраењето на програмата е 275 наставни часа, од кои 84 теоретска настава и 191 практична настава. Теоретската и практичната настава ќе се изведуваат од понеделник до четврток и секој втор петок по утврден распоред. Број на кредити: По завршување на програмата учесникот ќе се стекне со 11 кредити. Вреднување на постигнувањата: Оценувањето на учесниците ќе се врши врз основа на постигнатите резултати. Се изработуваат завршни проекти како и портфолио каде учесниците ги применуваат стекнатите знаења. По завршување на програмата учесниците ќе бидат способни да: · користат софтвер за векторска графика; · користат софтвер за растерска графика; · користат софтвер за креирање на прототипи за веб и мобилни апликации; · користат UI/UX дизајн; · користат HTML & CSS технологии за креирање на веб решенија. Просторни услови: Наставата ќе се реализира комбинирано, во училница каде секој учесник работи на компјутер, се користи опрема за презентација како проектор, платно, компјутер, звучници, микрофон и на далечина преку платформата Teams. Сертификат: По завршување на програмата учесникот ќе се стекне со сертификат за стручна квалификација “Оператор за веб дизајн”. |
Верификацијата истекува во септември 16, 2027