Негувател/ка на стари и немоќни лица

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот  да се стекне со знаења, вештини и компетенции за давање на услуги од социјален аспект во институции или во домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и други потреби се во изнемоштена состојба и неможност да се грижат за себе.

Програмата содржи пет модули  и учесникот во обуката ќе се оспособи да: подготвува и организира работно место и начин на комуникација, помага при одржување на лична хигиена, исхрана, транспорт, следи физички и психички промени кај старо и немоќно лице, помага при набавка и примање на редовната терапија со лекови, применува на прописи од системот на социјална заштита во делот за стари и немоќни лица

Начин на реализација на програмата е преку теоретска и практична настав и води до стекнување на сертификат „Негувател/ка на стари и немоќни лица“.

Времетраењето на програмата е 215 часа од кои 75 часа се теорија и 140 часа практична обука. Теоретскиот дел од програмата ќе се реализира во опремена просторија. Вреднувањето на постигнувањето на учесникот е по завршувањето на теоретскиот дел од обуката се спроведува проверка со тест, а по завршување на практичната обука следи и завршен испит. По успешно положен завршен испит учесникот се стекнува со сертификат „Негувател/ка на стари и немоќни лица“.

Верификацијата истекува во јуни 4, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Pjesëmarrës në program mund të jetë një person me arsim fillor minimal të përfunduar dhe të paktën 18 vjeç

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

75

Пракса

140

Оценување

0

Вкупен број на часови

215

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content