Негувател/ка на стари и немоќни лица

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

     Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за давање на услуги од социјален аспект во институции или домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и др. причини се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе.

Програмата е организирана во пет модули кои му овозможуваат на кандидатот да биде во состојба да:

  • Подготвува и организира работно место и начин на комуникација
  • Помага при одржување на лична хигиена, исхрана транспорт
  • Следи физички и психички промени кај старо и немоќно лице
  • Помага при набавка и примање на редовната терапија со лекови

·         Примена на прописите од системот на социјална заштита во делот за стари и немоќни лица

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „ Негувател/ка на стари и немоќни лица“. Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 70 часа теоретска обука, 180 часа се практична обука во реални работни услови. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува во современо опремена училница. Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат  „Негувател/ка на стари и немоќни лица“.

Верификацијата истекува во јануари 17, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Минимум завршено основно образование и возраст од најмалку 18 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

70

Пракса

80

Оценување

Вкупен број на часови

150

Датум на верификација

17/01/2024

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content