МОНТЕР НА КОМБИНИРАНИ СОНЧЕВИ СИСТЕМИ

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Основна цел на оваа програма е кандидатите да се стекнат со знаења и вештини, односно компетенции за монтирање, инсталирање и опслужување на комбинирани сончеви системи. Оваа гранка интензивно напредува во светски рамки заради скапата цена на електричната енергија

Нашата држава е увозник на ел.енергија. За да се намали тој тренд, секојднево се монтираат термални сончеви системи (за топла вода) и фотонапонски сончеви системи за ел.енергија, како што се: “OFF GRID” (независни од EСМ EVN), “Хибридни” и “ON GRID” (поврзани на мрежа од ЕСМ EVN).

Втора цел е да се намалат трошоците за затоплување на простор. Tие зафаќаат голем дел од буџетот на било кој субјект. Преку оваа програма идните кандидати ќе стекнат знаења и вештини за примена на  енергетски ефикасни системи за затоплување на простор, преку примена на сончева енергија и дополнителни системи (бафери за складирање топлинска енергија, топлински пумпи, подно греење). Тоа се комбинации од сончеви системи и погоре наведените дополнителни системи. Затоа и програмата се нарекува “Mонтер на комбинирани сончеви системи”. Постојат повеќе видови на комбинирани сончеви системи кои можат да обезбедат ефикасно и оптимално снабдување со енергија, како на пример:

  • Затоплување на простор со фотонапонски сончев систем, топлинска пумпа и подно греење.
  • Комбинација од термални сончеви колектори, примена на бафер за складирање на топлинска енергија и подно греење.

Тоа се две основни комбинации во кои се применува сончева енергија. Пазарот на труд во иднина ќе бара кадри кои ќе работат на монтажа и одржување на овие комбинирани сончеви системи, кои многу малку се применуваат кај нас, а имаат загарантирана иднина. Оспособувањето на вакви кадри ќе овозможи пополнување на недостатокот од обучени човечки ресурси за инсталирање на термални сончеви системи и поврзување  со бафер,  инсталирање на фотоволтаични системи и поврзување со топлинска пумпа, како и оспособување на работна сила која ќе може да развива сопствен бизнис во ова подрачје.

Програмата „ МОНТЕР НА КОМБИНИРАНИ СОНЧЕВИ  СИСТЕМИ “ се состои од пет модули.

Модул 1 – Основи на електротехника, машинство и материјали, третира стекнување базични знаења и вештини од технички аспект за правилата во електротехниката и машинството потребни да бидат применувани за работа на комбинираните сончеви системи.

Модул 2 – Монтирање на термални сончеви системи и поврзување со бафер, основни познавања за воздушни сончеви системи, монтирање на фотоволтаични, хибридни PVT и поврзување со топлинска пумпа. Стекнување знаења и вештини од аспект за организација, нивна монтажа и инсталација.

Модул 3 – Пуштање во работа и одржување на комбинираните сончеви системи, третира стекнување знаења и вештини од технички аспект и подготовка на кандидатите за нивно правилно користење (употреба на протокол пред започнување на монтажа, протокол при монтажата и техничко упатство за правилно одржување и користење).

Модул 4 – Безбедност и заштита при работа.  Стекнување знаења и вештини од аспект на квалитет при монтажа и висок степен на сигурност при работа.

Времетраење на програмата е 130 часа при што 80 часа се програмирани за реализација на теоретската настава, а 40 часа за реализација на практичната настава и 10 за оценување. Изведбата на истата ќе биде во простории и услови соодветни за реализација на ваква програма.(Скопје и Штип)

Оценувањето и вреднувањето на резултатите од учењето на кандидатите ќе се врши врз основа на критериумите за оценување, формативно во текот на реализацијата и сумативно на крајот од секој модул.

По реализација на програмата, кандидатите кои ќе го положат испитот се стекнуваат со сертификат „МОНТЕР НА КОМБИНИРАНИ СОНЧЕВИ  СИСТЕМИ“. Останатите добиваат потврда дека посетувале обука.

Верификацијата истекува во ноември 8, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Të ketë përfunduar arsimin e mesëm me kohëzgjatje minimale tre vjeçare (arsim profesional për profesione)

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

80

Пракса

40

Оценување

Вкупен број на часови

120

Датум на верификација

03/11/2023

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content