Главна цел на програмата „Масер, велнес и спа“ е стручно оспособување на учесниците во програмата, да се стекнат со знаења, вештини и компетенции за самостојно извршување работни задачи Масер, велнес и спа во козметички салон, велнес и спа центри. По реализирање на обуката учесниците ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот и полесно вработливи.
Програмата е структурирана на следниот начин: стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на постигнатите знаења. Времетраење на програмата е 80 часа. Начин на реализација: Стручно-теретскиот дел од обуката ќе се реализира во опремена просторија, додека пак практичниот дел од обуката ќе се реализира во опремен козметички салон. За проверка на постигањата на учесниците се организира завршниот испит. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, подготвува работно место и клиент за третман, применува санитарно-технички стандарди за спроведување на различни видови на масажи и спроведување на различни видови третмани за обликување на телото, релаксација и детоксикација на клиентот, намалување на масни наслаги, мазнење, затегнување и потемнување на кожата, познава услуги во велнес и спа центри, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина, комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува. Учесникот кој успешно ќе ја заврши обуката се стекнува со сертификат за „Масер, велнес и спа“. |
Верификацијата истекува во јуни 20, 2027