Програмата Козметичар за нега на лице и тело има за цел обука на возрасни лица за стекнување на знаења и вештини за занимање од областа на козметиката.
Основа за изработка на програмата е стандард на занимање Козметичар, Масер за мануелна козметичка масажа, Естетичар за нега на раце и нозе.
Реализацијата на програмата е преку теоретски часови, практична обука и проверка на знаењата и вештините на учесниците. Теоретскиот дел се реализира во соодветно опремена училница/кабинет, а практичната обука се реализира во козметички салон опремен според барањата на стандардите за вршење на дејноста.
Оценување и вреднување на постигањата на секој учесник во програмата ќе се изведува тековно и на завршен испит.
Учесникот кој со успех ќе го положи завршниот испит ќе се здобие со сертификат за работна оспособеност “Козметичар за нега на лице и тело” и ќе биде оспособен за самостојно организирање на простор и работа, организира сопствена работа, подготвување салон и клиенти за козметички третмани за нега на лице и тело, советување клиенти, изведба на козметички третмани за нега на лице, третмани за обликување на тело, депилација, масажа на тело, маникир и педикир постапки, примена на деловна комуникација со клиенти, водење евиденција и подготвување пресметки за работата, познавање правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис и почитувње работна етика и морал, применување на санитарно технички норми за заштита на животната и работната средина и интерес за напредување во професијата.
Програмата Козметичар за нега на лице и тело нуди можност за напредување на учесникот во други обуки или повисоки нивои на квалификации од областа на козметиката.
Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 69 часа се стручна теорија, а 181 часа се практична обука во реални работни услови. Термините во кои ќе се реализира програмата се договараат со учесниците.
Верификацијата истекува во август 19, 2027