Главна цел на програмата е да се оспособат лица над 15 години самостојно да изведуваат услуги на клиентите за нега на лице и тело и да се оспосоват како правилно да ги користат средствата за работа во козметичките салони.Учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за занимањето козметичар за нега и депилација на лице и тело, со кои ќе може самостојно да ја планира и организира работата и работните задачи.Да стекне комунициски вештини за работа со клиенти ,да работи во тим и да изведуваи применува различни техники во козметиката за нега на лице и тело,како и правилно користење на козметичките средства за работа.Посебно внимание да има кон опремата и инвентарот во салонот за убавина.Да применува хигиено-технички мерки за лична заштита, заштита на клиентите и околината, води контрола на извршените услуги, познава права и обврски од работен однос, води евиденција и изготвува пресметка за извршената работата. Времетраењето на програмата е 150 часа од кои 35 часа теоретска обука, 115 часа се практична обука во реални работни услови. Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука. Програмата е изготвена врз основа на стандард на занимање. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализирана опремена просториа која е во склоп на козметичкиот салон Бјути салон-С 2016-Скопје под менторство на обучувач, а практичната обука ќе се реализира во козметички салон во простор кој е опремен со потребниот алат и прибор за козметика. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор кој е вработен во компанијата со долгогодишно искуство во областа на козметиката . Оценувањето на постигањатана учесникот ќе се врши преку следење и вреднување на стекнатите знаења и вештини .Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и практична проверка после целосна реализација на сите тематски целини.Проверка на знаење има цел да се изврши споредба на знаењето, пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.
|
Верификацијата истекува во јануари 10, 2027