Програмата за обука на заварувач претставува посебна програма за работно оспособување, стекнување знаења, вештини и способности на кандидатите.
Главна цел е учесникот по завршување на програмата да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при извршување на заварувачки работи како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место, да организира сопствената работа, да организира простор и работа во работилница, рационално да ги користи материјалите, да води грижа за сопствената и безбедноста на останатите вработени, да води евиденција и подготвува пресметки за работа,да ги познава правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис.
Содржините од програмата ќе се реализираат како теоретски и практичен дел и би се завршило со полагање на завршен испит.
Теоретскиот дел е со содржини со кој кандидатите ќе се здобијат со потребните знаења предвидени во содржината на модуларните единици и ќе се реализира во училница опремена за теоретска настава со целосна подршка на интернет мрежа за да се доближат содржините од стручно теоретскиот дел до учесниците, додека со практичниот дел од програмата се предвидува работно оспособување на кандидатите за практична примена на наученото од областа на заварувањето во кабинети опремени со потребниот алат,пробор и опрема.
Како начин на реализација на обуката ќе се применуваат современи методи, вербални, демонстрирање, практична работа-вежби кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Програмата за обука за занимањето заварувач претставува посебна програма за стекнување посебни знаења, вештини и способности на кандидатите и истата опфаќа теоретски и практичен дел кој ќе се реализира во вкупно 240 часа со следниве модули:
-техничка документација
-материјали за заварување
-технологија на заварување
-уреди за заварување
-оперативни работи
-претприемништво и бизнис
Верификацијата истекува во јули 18, 2025