Програмата овозможува работно оспособување за занимањето Заварувач.
Програмата е со времетраење од 200 часа од кои стручно теоретски содржини 60 часа (кои се реализираат во училница/кабинет) и практични 140 часа (кои се изведуваат во реални услови во браварско – заварувачка работилница).
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да се стекне со знаења, вештини и компетенции за постапката, уреди и опрема за заварување, параметрите за заварување и техниката на работа, улогата на заштитниот гас, примена на мерки за заштита при работа, пружање на прва помош во случај на повреда или дуг вид на незгода и навремена евакуација во случај на опасност, правилен избор на потребниот алат и прибор и инструменти за работа, ракување со опремата, практична употреба и работа со алатките, опремата, инструментите и др.
По завршувањето на програмата учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испитот се стекнуваат со Сертификат за Заварувач.
Верификацијата истекува во мај 9, 2025