Програмата овозможува работно оспособување за Електромеханичар за термички и разладни уреди и истата е со тромесечно времетраење, односно 250 часа од кои 70 часа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во електромехaичарски сервис или сервис за бела техника во времетраење од 180 часа. Oбукатa ја изведуваат наставници со долгогодишно искуство во настава и работа, Во текот на обуката се врши формативно следење и оценување на постигнатоста на целите и сумативно по завршувањето на секоја тематска целина преку практична работа. Резултатите се земаат во вид но не го ослободуваат учесникот од полагање на завршниот испит. Завршниот испит се полага пред комисија на зададена задача, а се вреднува; образложението на планирање, организацијата и подготовката на алат, прибор и материјал, практична работа, отстранување на проблемот и изработка на калкулација за цена на чинење на услугата.
По успешното завршување на програмата учесникот кој со успех ќе го положат завршниот испитот се стекнуваат со Сертификат за Еклектромеханичар за термички и разладни уреди по верифицирана програма.
По завршувањето на обуката учесникот ќе се стекне со знаења, вештини и ќе биде оспособен:
-да ја планира и организира својата работа по налог на претпоставените и самостојно;
-да обезбедува и да користи соодветен алат и материјал за монтажа;
-да обезбедува и користи материјал за сервисирање;
-да сервисира, одржува и поправа куќни термички и разладни уреди;
-да го контролира квалитетот на извршената работа;
-да комуницира со подредените, претпоставените и клиентите;
-да применува правила, прописите и другата регулатива за заштита при работа и заштита на околината;
Верификацијата истекува во март 21, 2026