Дресер и социјализатор на кучиња

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на Програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини, односно компетенции за дресура и социјализација/ресоцијализација на кучиња. Програмата овозможува со поучување на сопствениците на кучиња и нивните кучиња стекнување вештини потребни за нормално функционирање во општеството и потесното опкруживање. Истата се реализира преку теоретска и практична настава при што акцентот е ставен на практичната обука.

Трендот во последните години во општеството е вдомување на миленичиња-кучиња без соодветна подготовка и знаења за чување куче. Обуката согласно Програмата „Дресер и социјализатор на кучиња“ треба да овозможи оспособување за правилен избор на куче, подготовка на соодветни услови за чување куче, социјализација/ресоцијализација на кучето и сл. Исто така, како додадена вредност на подолг период се очекува позитивно влијание врз идните сопственици и нивните кучиња на соодветно однесување, а со тоа подобра состојба во општеството на ова поле.

Времетраење на програмата е 125 часа при што 30 часа се посветени на теоретска настава, а 95 часа се практична обука. Предвидените часови се наменети за реализација и вреднување на постигнувањата од модулите:

1. Планирање, подготовка и организирање на дресерска работа

2. Безбедност и заштита при дресура на кучиња

3. Раси и групи на кучиња

4. Дресура на кучиња

5. Социјализација на кучиња

Специфичноста на проблематиката која ја третира Програмата „Дресер и социјализатор на кучиња” бара интегриран пристап во реализација на вежбите како составен дел на практичната обука од страна на сопственикот на кучето и неговото куче.

Оценувањето и вреднувањето на постигнатоста на резултатите од учењето на учесниците ќе се врши врз основа на критериумите за оценување, и тоа, формативно во текот на реализацијата и сумативно на крајот од секој модул.

По реализација на програмата учесниците се стекнуваат со сертификат „Дресер и социјализатор на кучиња“.

Верификацијата истекува во јануари 25, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците да имаат завршено минимум средно образование и да се постари од 18 години.

Учесникот во програмата треба да поседува уверение дека нема здравствени контраиндикации за обавување на оваа дејност издадено од специјалист на медицина на трудот.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

30

Пракса

95

Оценување

Вкупен број на часови

125

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content