Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини од областа на дигитален маркетинг.
Програмата започнува со изучување на основи на дигитален маркетинг, негова разлика со традиционалниот маркетинг, контент маркетинг и CopyWriting.
Потоа продолжуваме со користење на социјални мрежи (Facebook, Instagram, Twitter), преку стратегија за видео маркетинг на YouTube и спроведување на комплетна емаил маркетинг кампања со MailChamp.
Следна работа е користење на WordPress.
На крајот е Google Analytics, користење на платформата за рекламирање Google AdWords и се завршува со Search Engine Optimization.
Целокупната обука ќе се одвива во компјутерски училници опремени со потребната компјутерска опрема.
Програмата се реализира преку теоретска и практична настава при што акцентот е ставен на практичната обука.
Времетраење на програмата е 104 часа: 48 часа се посветени на теоретска настава, 56 часа се практична обука.
Оценувањето и вреднувањето на постигнатиот успех на учесникот при неговото следење на програмата се спроведува преку проверка на знаење (писмено и практично).
На крајот од обуката се спроведува завршен испит – кој исто така има писмен и практичен дел и преку него се проверува комплетно стекнатото знаење и вештина на кандидатот.
По завршувања на програмата и положениот завршен испит, учесниците се стекнуваат со сертификат „ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР“.
Верификацијата истекува во ноември 16, 2026