Вештини за управување со човечки ресурси

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за обука за вештини за развој на човечките ресурси претставува посебна програма за стекнување знаења, вештини и способности на кандидатите. Главна цел е учесникот по завршување на обуката ќе се стекне со вештини: да ја организира сопствената работа, да го планира потребниот број и структура на вработените, да се анализираат и обликуваат работите и работните места, да се придобијат, соодветно избираат и распоредат вработените, како и умешност во развивање на потенцијалите на секој вработен. Учесниците ќе бидат способни да унапредуваат на своето работно место, кои ќе можат на иновативен и претприемнички начин да придонесат за развој на својата работна средина и бизнис окружување, кои ќе ги применуваат принципите на ефикасност и етичност во своето делување и односи со вработените, и кои ќе бидат способни и отворени за прифаќање и брзо приспособување на организациските промени кои ги наметнува денешното глобализирано и динамично работење.Обуката се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел и практичниот дел е со содржини со кои кандидатите ќе се здобијат со потребните знаења предвидени во содржината на модуларните единици  и ќе се реализира во опремена училница. Програмата ќе се реализира со вкупно 100 часа, од кои 30 теоретска настава а 70 практична настава.

По успешно завршување на обуката и положен завршен испит, кандидатите ќе  се стекнат со Сертификат за вештини за развој на човечките ресурси.

Верификацијата истекува во мај 19, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Минимум средно четиригодишно образование и возраст над 17 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

30

Пракса

70

Оценување

0

Вкупен број на часови

100

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content