Програмата за обука за вештини за развој на човечките ресурси претставува посебна програма за стекнување знаења, вештини и способности на кандидатите. Главна цел е учесникот по завршување на обуката ќе се стекне со вештини: да ја организира сопствената работа, да го планира потребниот број и структура на вработените, да се анализираат и обликуваат работите и работните места, да се придобијат, соодветно избираат и распоредат вработените, како и умешност во развивање на потенцијалите на секој вработен. Учесниците ќе бидат способни да унапредуваат на своето работно место, кои ќе можат на иновативен и претприемнички начин да придонесат за развој на својата работна средина и бизнис окружување, кои ќе ги применуваат принципите на ефикасност и етичност во своето делување и односи со вработените, и кои ќе бидат способни и отворени за прифаќање и брзо приспособување на организациските промени кои ги наметнува денешното глобализирано и динамично работење.Обуката се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел и практичниот дел е со содржини со кои кандидатите ќе се здобијат со потребните знаења предвидени во содржината на модуларните единици и ќе се реализира во опремена училница. Програмата ќе се реализира со вкупно 100 часа, од кои 30 теоретска настава а 70 практична настава.
По успешно завршување на обуката и положен завршен испит, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за вештини за развој на човечките ресурси.
Верификацијата истекува во мај 19, 2026