Архивар

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

 

Главна цел на програмата „АРХИВАР“ е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за канцелариско и архивско работење применливи во различен тип на организации, самостојно извршување на работи и задачи во ракување со прием, прегледување, распоредување и заведување на документите/записите, нивно доставување во работа, административно-техничка обработка, испраќање, разведување, класифицирање и одлагање на решените документи/записи во писарница; одбирање и средување на архивскиот од документарниот материјал, опис и попис на архивскиот материјал и негово чување во безбедни услови, примена на мерки за заштита при работа, правилен избор на потребниот алат и прибор за работа, ракување со опремата, алатките и др.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат „АРХИВАР“.

Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 60 часа теоретска обука, 140 часа се практична обука во реални работни услови.

Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализирани простории на Приватна образовна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прќе“ Штип под менторство на обучувач, а практичната обука ќе се реализира на терен во компании кои работат во областа на архивското работење. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето, пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.

По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „АРХИВАР“.

Верификацијата истекува во февруари 22, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Pjesëmarrësit duhet të kenë përfunduar shkollën e mesme ose arsimin e mesëm profesional katërvjeçar dhe të jenë mbi 17 vjeç. Përparësi do të kenë kandidatët me diplomë në drejtësi, ekonomi ose tregti.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

60

Пракса

140

Оценување

Вкупен број на часови

200

Датум на верификација

22/02/2022

Штип

Службеник на паркинг

Шпедитер

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content