Аргон заварувач

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за обука на аргон заварувач претставува посебна програма за работно оспособување, стекнување знаења, вештини и способности на кандидатите.

Главна цел е учесникот по завршување на програмата да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при  извршување на заварувачки работи како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место, да организира сопствената работа, да организира простор и работа во работилница, рационално да ги користи материјалите, да води грижа за сопствената и безбедноста на останатите вработени, да води евиденција и подготвува пресметки за работа,да ги познава правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис.

Содржините од програмата ќе се  реализираат како теоретски и практичен дел и би се завршило со полагање на завршен испит.

Теоретскиот дел е со содржини со кој кандидатите ќе се здобијат со потребните знаења предвидени во содржината на модуларните единици  и ќе се реализира во училница опремена за теоретска настава со целосна подршка на интернет мрежа за да се доближат содржините од стручно теоретскиот дел до учесниците, додека со практичниот дел од програмата се предвидува работно оспособување на кандидатите за практична примена на наученото од областа на заварувањето во кабинети опремени со потребниот алат,пробор  и опрема.

Како начин на реализација на обуката ќе се применуваат современи методи, вербални, демонстрирање, практична работа-вежби кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Програмата ќе се реализира со вкупно 240 часа со следниве модули:

-Техничка документација

-Материјали за заварување

-Уреди за заварување во заштитна атмосфера на инертен гас

-Заварување во заштитна атмосфера на инертен гас со топлива и нетоплива електрода MIG и TIG постапка

-Бизнис и претприемништво

По успешно завршување на обуката и положен завршен испит, кандидатите ќе  се стекнат со сертификат за работна оспособеност за аргон заварувач со можност за вертикално напредување во програми од повисоко ниво во занимањето.

 

Програмата за обука  за занимањето аргон заварувач претставува посебна прогарма за стекнување посебни знаења, вештини и способности на кандидатите и истата опфаќа теоретски и практичен дел кој ќе се реализира во вкупно 240  часа).

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Како резултат од спроведената обука се очекува кандидатите да се стекнат со следниве способности и компетенции:

-чита едноставни конструктивни цртежи, скици, проекти и опис на работите од областа на занимањето;

-дефинира работни чекори, средства и методи на работа;

-анализира работна и техничка документација, подготовка на апарати, алат и прибор за работа;

-ги разликува и применува машинските материјали;

-ги познава структурните промени во материјалот по процесот на заварување;

-дефинира оптимални режими на заварување на материјали;

-изведува заварувачки работи во технолошкиот циклус;

-изработува делови од метални профили, цевки и подебели лимови со примена на постапка за заварување;

-контролира точност и квалитет на изработка ;

-изработува бизнис план.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

За исполнување на критериумите, кандидатите треба да имаат:

 

-Завршено минимум основно образование.

-Да имаат наполнето  17 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

48

Пракса

168

Оценување

24

Вкупен број на часови

240

Како резултат од спроведената обука се очекува кандидатите да се стекнат со следниве способности и компетенции:

-чита едноставни конструктивни цртежи, скици, проекти и опис на работите од областа на занимањето;

-дефинира работни чекори, средства и методи на работа;

-анализира работна и техничка документација, подготовка на апарати, алат и прибор за работа;

-ги разликува и применува машинските материјали;

-ги познава структурните промени во материјалот по процесот на заварување;

-дефинира оптимални режими на заварување на материјали;

-изведува заварувачки работи во технолошкиот циклус;

-изработува делови од метални профили, цевки и подебели лимови со примена на постапка за заварување;

-контролира точност и квалитет на изработка ;

-изработува бизнис план.

Датум на верификација

02/07/2019

-

Заварувач

Бравар

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content