Програмата овозможува обука на учесниците преку теоретска обука и практична работа да се стекнат со знаења, вештини и компетенции кои ќеимпомогнат по завршување на обуката самостојно да ги извршуваат работни задачи во козметички салон: применуват санитарно технички норми за работа во дејноста лични услуги, применуват хигиенски услови за работа, техничка опременост и организација на работниот простор, применуват култура на однесување, како и работните задачиза нанесување декоративна козметика на лице: ШМИНКА (одстранување на мовта и влакненца), шминкање на лице и шминкање на очи. Времетраењето на програмата е 92 часа од кои 30 часа теоретска обука, 50 часа се практична обука во реални работни услови и 12 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиоти практичниот дел од програмата ќе се реализира два пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се реализираат во училница и во козметички салон. Програмата ќе се реализира преку задолжителни модули. Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува тековно и по завршувањето натеоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваатстекнатите вештини и компетенции.За секој учесник во програмата ќе се води портфолио. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат Шминкер.
