Фризер за жени и мажи

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Основна цел на програмата е да се оспособат лица над 15 години да изведуваат работни задачи за занимањето Фризер за жени и мажи. Програмата е предвидена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин. Истата овозможува работно оспособување за Фризер во фризерски работилници. Програмата е во времетраење од три месеци или 250 часа, каде се опфаќаат стручни и теоретски содржини кои ќе се реализираат во просториите на ОГУДУ Гостивар, специјализирани фризерски салони, кај работодавачи.

Во однос на структурата на реализација на програмата истата ќе биде организирана со изведување на теоретскиот дел. Исто така преку примена на формативно оценување во текот на реализација на секоја тема ќе следи усмено проверување на знаењата на кандидатите. Во текот на реализацијата на програмата ќе се води портфолио за секој кандидат и исто така ќе се вреднуваат изработките кои ќе ги содржи портфолиото.

Практичната обука ќе се реализира во специјализирани фризерски работилници. Притоа активностите ќе бидат следени од искусен фризер кој редоследно, во зависност од сложеноста на задачите, ќе ги вклучува кандидатите во практични активности.

На крајот на програмата ќе следува проверка и оценување на стекнатите знаења и вештини од страна на тричлена комисија, односно ќе се спроведе оценување на теоретска и практична изведба преку завршен испит.

Верификацијата истекува во ноември 27, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено најмалку основно образование, над 15 годишна возраст

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

50

Пракса

200

Оценување

0

Вкупен број на часови

250

Датум на верификација

27/11/2023

Гостивар

Sидар

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content