Службеник во сметководство

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини од областа на сметководството и да бидат работно подготвени за занимањето Службеник во сметководство.

 

Програмата се реализира преку теоретска и практична настава при што акцентот е ставен на практичната обука.

 

Целата обука е конципирана како една сеопфатна сметководствена пракса во која учесниците освен што ќе се здобијат со теоретски знаења од областа на сметководстсвото, практично книжат реални документи од областа за која што учат и се среќаваат речиси со сите ситуации што би можеле да ги сретнат на идното работно место како службеник во сметководство.

 

Времетраење на програмата е 108 часа: 48 часа се посветени на теоретска настава, a 60 часа се практична обука.

 

Теоретската обука ќе се одвива во училница, а практичната обука ќе се одвива во простории опремени со компјутери и софтвер за сметководство. Ќе се работат практични вежби смислени за потребите на програмата, но и ќе се врши книжење на реални документи од документацијата на трговски друштва што се занимаваат со производство, трговија или услуги. Учесниците, освен што ќе вршат книжења во сметководствениот програм , паралелно ќе ги пратат и сите  прегледи што се содржат во софтверот за сметководсво: сметководствени картици (синтетички и аналитички),  заклучни листови (синтетички и аналитички) како и разни други прегледи преку кои можат да имаат увид во прокнижените документи. Исто така, учесниците ќе бидат комплетно запознаени со законската регулатива и стандарди од областа на сметководството, ќе научат да ја следат и спроведуваат, квалитетно и професионално да комуницираат со колегите и работодавците со кои ќе се среќаваат на идното работно место, како и со клентите, што е од голема важност. Ќе бидат запознаени со своите права и обврски на работното место и за мерките што треба да се превземат за заштита на работната околина.

 

Оценувањето и вреднувањето на постигнатиот успех на учесникот при неговото следење на програмата се спроведува преку проверка на знаење – усмено и писмено (на теоретскиот дел) и тестови со практични вежби со книжење директно на компјутер (на практичниот дел).

 

На крајот од обуката се спроведува завршен испит – кој исто така има теоретски и практичен дел и преку него се проверува комплетно стекнатото знаење и вештини на кандидатот.

 

По завршувања на програмата и положениот завршен испит, учесниците се стекнуваат сертификат „СЛУЖБЕНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО“.

Верификацијата истекува во ноември 13, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Të ketë përfunduar arsimin e mesëm tre ose katër vjeçar

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

48

Пракса

56

Оценување

0

Вкупен број на часови

104

Датум на верификација

13/11/2023

Куманово

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content