Програмата е наменета за лица кои сакаат да се стекнат со познавања од сметководство кои во иднина ќе им овозможи полесно вклучување на пазарот на трудот. Програмата се состои од повеќе теми, вкупно 8, во кои е опфатена и практична работа во книговодствено биро. Темите се поделени во 3 модули. Преку оваа програма учесникот се стекнува со знаења, вештини и компетенции кои претставуваат основа за изведување на дејноста, службеник во сметководство, но и основа за понатамошно проширување на знањата од областа на сметководството. Со оваа програма, учесниците се оспособуваат за работа со стекнати вештини, знаења и компетенции во областа службеник во сметкоодство а со тоа и подобар настап на пазарот на трудот. Бројот на часови е одреден според потребите на учесниците за стекнување на знаења и истиот изнесува: 60 часа за теоретска настава, 129 часа за практична едукација со компјутерски софтвер, примери од практиката и 10 часа за оценување и проверка на знаењето. По успешно завршената програма и позитивната оценка на завршниот испит учесниците добиваат Сертификат за програмата Службеник во сметководство.
