Програмата овозможува работно оспособување за занимањето Службеник во книговодство и истата е со тромесечно времетраење, односно 380 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница / кабинет и се во функција на практичната обука која пак се реализира преку практични вежби од книговодствени работи со сертифицирани (овластени) сметководители за различни видови трговски друштва од производна и трговска дејности на соодветни софтвери. Практичната обука се реализира преку реални вежби од работа на документација од трговски друштва кои се занимаваат со производство и трговија; набавка и продажба на суровини, испорака и продажба на стока и услуги и сите промени што овозможува учесникот административно за време на обуката да прати и операционализира промени во потребни книговодствени процеси почитувајќи ја законската регулатива, да соработува со останатите вработени и тимот, деловните партнери, институциите и/или клиентите со кои ќе разменува информации важни за ефикасно извршувањето на работата, и ќе биде овозможена квалитетна комуникација со клиентите и деловните партнери, заштита на работната и животната околина. По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се здобива со сертификат Службеник во книговодство