Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при детектирање и отстранување на електричнитеи електронските неисправности кај моторните возила.
Програмата се реализира преку теоретска и практична настава во два модула:
Времетраење на програмата е 250 часа од кои 70 часа се предвидени за теоретска настава за модул 1, 5 часа за практична настава за модул 1, а 175 часа се предвидени за практична настава за модул 2. Наставата се реализира од понеделник до петок . Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по електротехника, а практичниот дел со дип. инж. по електротехника , автоелектроничар со 3 год. работно искуство или обучувач со постсредно стручно образование.Вреднувањето на постигањата на учесниците се спроведува со тест по завршување на модул 1 ,а со завршен испит по завршувањето на модул 2.По успешно положен тест и завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнуваат со сертификат Сервисер за електронски системи на автомобили.
Верификацијата истекува во април 21, 2024