Работник со млади

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата во целина се базира на вредностите на младинската работа во заедницата и развој на занимањето „Работник со млади“. Критериумите и вредностите се темелат на препораките од меѓународни институции кои работат на ова поле (пр. Совет на Европа), а истите се втемелени и во стандардите за професијата, усвоени од Министерството за труд и социјална политика.
Според стандардите за работа, Код СЗ 9900.40.02, „Работникот со млади“, планира и реализира активности на локално ниво, дизајнира програми, истражува и реализира проекти кои се во корист за младите. Токму во програмата, преку 4 модули се опфатени неопходните наставни содржини, кои го трасираат патот на идниот „Работник со млади“.

Работните модули на програмата се:
Модул 1 Поим младинска работа и организирање работа со млади
Модул 2 Мапирање и истражување на заедницата
Модул 3 Развивање програми за млади
Модул 4 Практична работа во младинска организација

Во првиот модул учесниците, се запознаваат со поимот младинска работа. Иако самиот поим е доста широк, ние ќе се задржиме на значењето, што значи младинска работа, воспоставување контакт со целната публика, каде може младинската работа да се реализира и што значи да се реализираат активности за нивните потреби. Потоа, ќе следи дел каде учесниците ќе научат за организирање на работа со млади, каде и со какви ресурси да испланираат активности за нивните потреби.
Во вториот модул, учесниците ќе бидат научени како се поставува истражување за потребите на целната публика, младите. Мапирањето е основен дел од прибирање податоци, кои се корисни за секоја организација и секој работник со млади на локално ниво. Мапирањето на заедницата обично се подразбира како визуелно, географско претставување на карактеристиките на младите. Сепак, терминот може да се користи и во концептуална смисла, односно алатка за планирање на следни активности за потребие на младите.
Кога планираме развивање на програми за млади, треба да имаме во предвид дека овие содржини пред се треба да одговорат на основните физички, развојни и социјални потреби на младите. Овие програми помагаат во градењето на компетенциите на младите, кои што се потребни тие да станат успешни возрасни луѓе. Обезбедувањето услови за позитивен развој на младите е одговорност што ја делат семејствата, училиштата и организациите кои работат со млади. Делот на организациите се однесува кога тие се залагаат и ги застапуваат младите, а тоа може само преку обучени младински работници, кои моделираат позитивно, здраво и одговорно однесување на младите.
Сите стекнати вештини, идните „Работници со млади“, ќе ги зајакнат преку задолжителната практична работа во младинска организација. Битно е да се напомене дека ова е професионална пракса, во соработка и надзор на поискусни вработени во младински организации. Од суштествено значење е реализација на професионална пракса со млади луѓе заснована врз одредени основни вредности и принципи кои бараат воспоставување и градење односи со млади луѓе, преку професионален надзор од искусни практичари.

Верификацијата истекува во септември 23, 2024

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Наполнети 18 години
Завршено средно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

100

Пракса

180

Оценување

Вкупен број на часови

280

Датум на верификација

23/09/2021

Прилеп

РАКУВАЧ СО ВИЉУШКАР

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content