Програмата за претприемништво и менаџмент за извршни директори е посебна програма за образование на возрасните наменета за менаџментот во компаниите со цел истите да развијат знаења, вештини и ставови за претприемништво и менаџмент. Програмата се состои од 8 модули кои ги покриваат сите сегменти на бизнис меанаџмент и со кои постојните и идните претприемачи и менаџери ќе ги развијат своите вештини, знаења и компетенции за водење на бизнис во сите негови сементи – бизнис стратегии, бизнис планирање, менаџмент на промени, финансии, оперативен менаџмент, иновации и технолошки развој, маркетинг и продажби, менаџмент на човечки ресурси и лидерство базирано на вредности.
Целта за иницирање на оваа посебна програма потекна одтаму што во регионот на Источна Македонија нема институција која обучува менаџери, посебно во делот на меки вештини, а исто така идентификуван е и недостиг на менаџерски капацитети за компаниите во регионот. Со оваа програма ќе се развијат материјали за учење и ќе се спроведува практична настава, како и предавања од страна на професори, практичари од земјава и од странство, видео презентации на искуства во разни сегменти на претприемништво и менаџмент.
Обуката е во делот на доживотно учење со која потенцијалните учесници ќе развијат најнапредни, специјализирани знаења и вештини за претприемништво и менаџмент, вклучувајќи и синтеза и евалуација кои се потребни за решавање на критични проблеми.
Со оваа обука учесниците ќе развијат и когнитивни вештини за логично, интуитивно и креативно размислување како и со зајакнување на нивниот авторитет, ориентираност кон креативно размислување и развој на иновации, развој на нивниот професионален интегритет и ориентација кон развој на нови идеи и процеси кои се напредни во контекст на нивната работа.